Откровение 3:5-11 MKB

5 Кој победува, ќе се облече така во бели облеки и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, но ќе го признаам неговото име пред Мојот Татко и пред Неговите ангели.

6 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!”

7 ”И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: ова го зборува Светиот, Вистинитиот, Кој го има Давидовиот клуч; Кој отвора, и никој не затвора! Кој затвора и никој не отвора:

8 ги знам твоите дела. Ете, поставив пред тебе отворена врата, што никој не може да ја затвори; зашто ти имаш мала сила и сепак го запази Моето слово, и не се одрече од Моето име.

9 Еве, ти давам некои од сатанината синагога, кои тврдат дека се Јудејци, а не се, туку лажат. Ете, ќе направам да дојдат и да се поклонат пред Твоите нозе, и да познаат, дека Јас те возљубив.

10 Зашто ти го запази Моето слово за трпението, и Јас ќе те запазам од часот на искушението, што ќе дојде врз целиот свет, за да ги искуша оние, кои живеат на земјата.

11 Ете, идам скоро! Држи го цврсто она, што го имаш, за никој да не ја земе твојата круна.