1 Потоа видов, и ете: врата отворена во небото; и поранешниот глас, што го чув да зборува, како труба, со мене, рече: дојди ваму, горе, и ќе ти покажам што има да се случи после ова!
2 Веднаш се најдов во духот, и ете: на небото стоеше престол, а на престолот седеше Еден;
3 а Оној Кој седеше изгледаше како камен јаспис и сард; и божилак околу престолот, на изглед како смарагд.
4 И околу престолот имаше дваесет и четири престоли, а на престолите видов дваесет и четири седнати старешини, облечени во бели облеки, а на главите имаа златни круни.