Откровение 7:10-16 MKB

10 и воскликнуваа со голем глас: „Спасение на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!”

11 И сите ангели стоеја околу престолот, и старешините и четирите живи суштества, и паднаа на своите лица пред престолот и Му се поклонија на Бога,

12 велејќи: „Амин! Благослов и слава; и премудрост и благодарност; и чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!”

13 И еден од старешините одговори, велејќи ми: „Кои се и од каде дојдоа овие, кои се облечени во бели облеки?”

14 А јас му реков : „Господине мој, ти знаеш!” И ми рече: „Тоа се оние, кои доаѓаат од голема неволја, кои ги испраа облеките свои и ги избелија во крвта на Јагнето.”

15 Затоа се пред Божјиот престол и Му служат дење и ноќе во Неговиот храм; а Оној, Кој седи на престолот, ќе го оптегне Својот Шатор над нив.

16 Нема веќе да огладнат ниту да ожеднат, ниту сонцето ќе ги пече, ниту некаква жега;