Откровение 7:3-9 MKB

3 велејќи: „Не пакостете и на земјата, ни на морето, ниту на дрвјата, додека не ги запечатиме челата на слугите на нашиот Бог!”

4 И го чув бројот на запечатените: сто четириесет и четири илјади запечатени од сите племиња на Израелевите синови:

5 од Јудиното племе дванаесет илјади запечатени, од Рувимовото племе дванаесет илјади, од Гадовото племе дванаесет илјади;

6 од Асировото племе дванаесет илјади, од Нефталимовото племе дванаесет илјади, од Манасиевото племе дванаесет илјади;

7 од Симеоновото племе дванаесет илјади, од Левиевото племе дванаесет илјади, од Исахаровото племе дванаесет илјади;

8 од Завулоновото племе дванаесет илјади, од Јосифовото племе дванаесет илјади, од Венијаминовото племе дванаесет илјади запечатени.

9 Потоа видов, и ете: големо множество народ - што никој не можеше да го изброи - од сите народности и племиња и народи и јазици, како стојат пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки, со палмини гранчиња во своите раце,