12 Ама колку повеќе ги измачуваа, тие уште повеќе се размножуваа, напредуваа и се ширеа, така што Египетците се плашеа од Израелците.
13 И Египетците се нафрлија жестоко на Израелците.
14 Им го загорчуваа животот со тешки работи: со правење на кал и плитари, со разни полски работи и со разновидни напори, што им ги наметнуваа немилостиво.
15 Египетскиот цар им се обрна и на еврејските бабици, од кои името на едната и беше Сепфора, а на другата Фуа, па им нареди:
16 „Кога при раѓањето им помагате на Еврејките, набљудувајте: ако е детето машко, убијте го; ако е женско, нека живее.”
17 Но бабиците се боеја од Бога и не правеа како што им нареди египетскиот цар, туку ги оставаа во живот машките деца.
18 Затоа египетскиот цар ги повика бабиците и им рече: „Зошто работевте така и ги остававте во живот машките деца?”