5 Вкупно беа седумдесет души Јаковови потомци. А Јосиф веќе беше во Египет.
6 И Јосиф умре, а изумреа и сите негови браќа и целото тоа поколение.
7 Ама Израелците беа родни, се намножија и многу се засилија, така што ја наполнија земјата.
8 Тогаш во Египет завладеа нов цар, кој не го познаваше Јосифа.
9 И тој му рече на својот народ: „Ете, Израелевите синови станаа броен народ и посилни од нас.
10 Ајде, да постапиме мудро со нив: да им го спречиме растежот, за да не им се придружат на нашите непријатели во случај на војна, да не удрат на нас и на крај да си отидат од земјата.”
11 И поставија врз нив надгледувачи да ги измачуваат со тешки работи. Така му изградија на фараонот градови - складишта: Питом и Рамзес.