Излез (2 Moj.) 14:11-17 MKB

11 „Зар немаше гробови во Египет - му рекоа на Мојсеја - па нè извади да изумреме во пустината? Каква услуга ни направи што нè изведе од Египет!

12 Зар не ти го рековме токму ова во Египет: ‘Пушти нè! Ќе им служиме на Египетците!’ Подобро ни е и ним да им служиме отколку да загинеме во пустината.”

13 „Не бојте се! - му рече Мојсеј на народот. Стојте цврсто и ќе видите што ќе стори Господ, за да ве спаси денес: Египетците што ги гледате денес, никогаш веќе не ќе ги видите.

14 Господ ќе се бори за вас. Бидете мирни!”

15 „Зашто викате кон Мене! - му рече Господ на Мојсеја. Речи им на Израелците да тргнат на пат.

16 А ти поткрени го стапот, испружи ја својата рака над морето и раздели го надве, за да можат Израелците да поминат низ морето по суво.

17 Јас ќе го закоравам срцето на Египетците, и тие ќе тргнат по вас, а Јас ќе се прославам тогаш над фараонот и над неговите војници, над неговите коли и коњаници.