Излез (2 Moj.) 14:18-24 MKB

18 Нека знаат Египетците дека Јас Сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над неговите коли и над неговите коњаници.”

19 Божјиот Ангел, кој одеше на чело на израелските чети, го смени местото и им застана зад плеќите. А и облачниот столб се помести од пред нив и им застана зад плеќите.

20 Се смести меѓу египетската војска и израелската војска и им стана на оние темен облак, а на овие им ја осветлуваше ноќта, така што не можеа да им се приближат едни на другите цела ноќ.

21 Мојсеј ја држеше раката протегната над морето, додека Господ, цела ноќ, ги валаше водите со силен источен ветер и го пресуши морето. Кога водите се раздвоија,

22 Израелците слегоа во морето на исушеното дно, а водите стоеја како прегради оддесно и одлево.

23 Египетците: сите фараонови коњи, колите и коњаниците, навлегоа по нив во морето, во потера.

24 При утринската стража, Господ погледна од огнениот и облачниот столб на египетската војска и создаде смут во неа.