Излез (2 Moj.) 14:2-8 MKB

2 „Речи им на Израелците да се вратат и да се влогорат пред Пи-Аирот, меѓу Мигдол и морето, спроти Вел-Сефон. Настанете се спроти ова место, покрај морето.

3 Фараонот ќе рече: ‘Израелците скитаат низ крајот ваму-таму; пустината ги затвори.’

4 Јас ќе го закоравам срцето на фараонот, и тој ќе тргне во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над целата негова војска. Така Египетците ќе сознаат дека Сум Јас Господ.” Израелците сторија така.

5 Кога на египетскиот цар му рекоа дека народот избега, фараонот и неговите дворјани се премислија за народот. „Зошто го сторивме ова! - рекоа - Ги пуштивме Израелците, и веќе нема да ни служат.”

6 Затоа фараонот ја опреми својата кола и ја поведе својата војска.

7 Зеде шест стотини избрани свои коли и други коли од Египет. И во сите беа штитоносци.

8 Господ го закорави срцето на фараонот, египетскиот цар, па тој тргна во потера по Израелците, кои заминаа со издигнати тупаници.