Излез (2 Moj.) 14:20-26 MKB

20 Се смести меѓу египетската војска и израелската војска и им стана на оние темен облак, а на овие им ја осветлуваше ноќта, така што не можеа да им се приближат едни на другите цела ноќ.

21 Мојсеј ја држеше раката протегната над морето, додека Господ, цела ноќ, ги валаше водите со силен источен ветер и го пресуши морето. Кога водите се раздвоија,

22 Израелците слегоа во морето на исушеното дно, а водите стоеја како прегради оддесно и одлево.

23 Египетците: сите фараонови коњи, колите и коњаниците, навлегоа по нив во морето, во потера.

24 При утринската стража, Господ погледна од огнениот и облачниот столб на египетската војска и создаде смут во неа.

25 Ги закочи тркалата на нивните коли, така што едвај се движеа напред. „Да бегаме од Израелците! - извикаа Египетците - зашто Господ се бори за нив против Египетците!” Тогаш Господ му рече на Мојсеја:

26 „Протегни ја раката над морето, за да се вратат водите врз Египетците, врз нивните коли и коњаници.”