27 Мојсеј ја испружи раката над морето, и во самите мугри морето се врати во своето корито. Бидејќи Египетците, бегајќи, трчаа кон морето, Господ ги фрли главечки среде водите.
28 Така водите, слевајќи се назад, ги потопија колите, коњаниците, и целата фараонова војска, што беше тргнала во потера по Израелците во морето. И не остана ниту еден од нив.
29 А Израелците одеа по суво среде морето, водата им стоеше како ѕид оддесно и одлево.
30 Така Господ, во оној ден, го избави Израел од египетските раце, и Израел ги виде Египетците мртви на морскиот брег.
31 Израел ја виде големата сила што Господ ја покажа над Египетците. Народот се исплаши од Господа, и им поверува на Господа и на неговиот слуга Мојсеј.