Излез (2 Moj.) 16:15-21 MKB

15 Кога Израелците го видоа тоа, се прашуваа еден друг: „Што е тоа?” Зашто не знаеја што е. Тогаш Мојсеј им рече: „Тоа е леб, што Господ ни го набави за храна.

16 А ова е заповедта што Господ ја издаде: ‘Соберете колку што му е потребно секому за јадење - по еден гомор на личност, секој според бројот на членовите што му се во шаторот.’”

17 Израелците направија така. Некои собраа повеќе, некои помалку.

18 Кога измерија со гомор, се покажа дека немаше излишок оној кој собрал многу, а ниту недостиг оној кој собрал малку: секој собрал колку што му требаше за јадење.

19 „Нека никој не остава ништо за утрото!” им рече Мојсеј.

20 Но тие не го послушаа Мојсеја; некои оставија и за утре. А тоа им црвоса и засмрде. Мојсеј се налути на нив.

21 Така собираа секое утро колку што му требаше секому за јадење. И кога сонцето ќе огрееше, маната се растопуваше.