22 Тогаш на шесттиот ден собраа двојно количество храна по два гомора на секој. Кога старешините на заедницата дојдоа да го известат Мојсеја,
23 тој им рече: „Ова е Господова заповед: утре е ден на целосна почивка, сабота посветена на Господа. Испечете што сакате да печете; сварете што сакате да варите. Сè што ќе ви биде одвишок оставете го за утре.”
24 Тие го оставија тоа за утре, како што нареди Мојсеј, и ниту засмрде, ниту пак се појавија црви.
25 „Јадете го тоа денес - им рече Мојсеј - зашто овој ден е сабота во чест на Господа; денес не ќе најдете мана во полето.
26 Собирајте ја шест дни, а на седмиот, во сабота, ќе ја нема.”
27 Имаше некои што одеа и во седмиот ден да ја соберат, ама ништо не најдоа.
28 Затоа Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе одбивате да им се покорите на Моите заповеди и на Моите закони?