24 Тие го оставија тоа за утре, како што нареди Мојсеј, и ниту засмрде, ниту пак се појавија црви.
25 „Јадете го тоа денес - им рече Мојсеј - зашто овој ден е сабота во чест на Господа; денес не ќе најдете мана во полето.
26 Собирајте ја шест дни, а на седмиот, во сабота, ќе ја нема.”
27 Имаше некои што одеа и во седмиот ден да ја соберат, ама ништо не најдоа.
28 Затоа Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе одбивате да им се покорите на Моите заповеди и на Моите закони?
29 Погледајте! Затоа што Господ ви ја даде саботата, ви дава храна на шесттиот ден за два дни. Нека секој стои каде што е; нека никој не излегува од својот шатор во седмиот ден.”
30 Така народот се одморуваше на седмиот ден.