Излез (2 Moj.) 16:29-35 MKB

29 Погледајте! Затоа што Господ ви ја даде саботата, ви дава храна на шесттиот ден за два дни. Нека секој стои каде што е; нека никој не излегува од својот шатор во седмиот ден.”

30 Така народот се одморуваше на седмиот ден.

31 Израелевиот дом ја нарече таа храна: мана. Беше како кориандрово зрно; бела, а имаше вкус на медено колаче.

32 Тогаш Мојсеј рече: „Ова е заповед што ја даде Господ: ‘Наполнете со тоа еден гомор и чувајте го за своите потомци, за да ја видат храната со која ве хранев во пустината, кога ве избавив од Египетската Земја.’”

33 И Мојсеј му нареди на Арона: „Земи еден сад; стави во него цел гомор мана, а потоа положи го пред Господа, да се пази за вашите потомци.”

34 Како што Господ му нареди на Мојсеја, Арон ја сложи пред Сведоштвото на чување.

35 Израелците се хранеа со мана четириесет години, сè додека не дојдоа во населена земја: јадеа мана до доаѓањето на границата на Ханаанската Земја.