Излез (2 Moj.) 16:6-12 MKB

6 Тогаш Мојсеј и Арон им проговорија на сите Израелци: „Вечерва ќе познаете дека Господ ве изведе од Египетската Земја,

7 а наутро ќе ја видите, со свои очи, Господовата слава, зашто Господ ве чу како мрморевте против Него. Што сме ние да мрморите против нас?

8 Вечерва Господ ќе ви даде месо да јадете - продолжи Мојсеј - а наутро леб до наситка, зашто Господ го чу вашето мрморење против Него. Што сме ние? Вие не мрморите против нас, туку против Господа.”

9 Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Речи и на целата израелска заедница: соберете се пред Господа, зашто го чу вашето мрморење!”

10 И додека Арон и зборуваше на целата израелска заедница, тие се свртија кон пустината, и ете, Господовата слава се појави во облак.

11 Тогаш Господ му се јави на Мојсеја и му рече:

12 „Го чув мрморењето на Израелците. Речи им вака: ‘Вечерва ќе јадете месо, а наутро ќе се наситите со леб. Тогаш ќе познаете дека Јас Сум Господ, ваш Бог.’”