1 А Јотор, мадијамски свешетеник, Мојсеев дедо, чу сè што направи Бог за Мојсеја и за целата израелска заедница, и како Господ ги избави Израелците од Египет.
2 Тогаш Мојсеевиот дедо, Јотор, ја поведе Сепфора, Мојсеевата жена - која Мојсеј ја беше вратил назад -
3 и обата нејзини синови. На едниот името му беше Гирсам, а тоа ќе рече: „Бев придојденец во туѓа земја.”
4 Вториот се викаше Елиезер, односно: „Бог на мојот татко ми беше на помош и ме спаси од фараоновиот меч.”