24 Мојсеј го послуша советот на својот дедо и направи како што го посоветува.
25 Мојсеј избра способни луѓе од сите Израелци па ги постави за главатари на народот: илјадници, стотници, педесетници и десетници.
26 Тие му судеа на народот во секое време. Потешките случаи му ги изнесуваа на Мојсеја, а за помалите решаваа сами.
27 Потоа Мојсеј го отпушти својот дедо, и тој отиде во својата земја.