1 Некој си човек од Левиевото колено отиде и се ожени со девојка Левијка.
2 Жената зачна и роди син. Откако виде колку е красен, го криеше три месеци.
3 Кога не можеше веќе да го крие, набави кошница од папирусова трска, ја намачка со смола и катран, го стави детето во неа и го положи во трските на брегот на Реката.
4 Неговата сестра застана подалеку, да види што ќе биде со него.