Излез (2 Moj.) 2:14-20 MKB

14 Овој му одговори: „Кој те постави за наш старешина и судија? Имаш ли намера да ме убиеш и мене, како што го уби оној Египетец?” Мојсеј се исплаши и си рече во себе: „Така! Сепак се научило.”

15 Кога фараонот го чу тоа, сакаше да го погуби Мојсеја. Затоа Мојсеј избега од фараонот и се засолна во Мадијамската Земја. Таму седна покрај еден кладенец.

16 Мадијамскиот свештеник имаше седум ќерки. Тие дојдоа да нацрпат вода и да ги налеат поилата, за да го напојат стадото на својот татко.

17 Но дојдоа и пастирите и ги истераа. Мојсеј стана, ги одбрани и им го напои стадото.

18 Кога се вратија при својот татко Рагуил, тој ги праша: „Како се вративте денес толку брзо?”

19 Тие одговорија: „Еден Египетец нè одбрани од пастирите, и уште ни нацрпи вода и ни го напои стадото.”

20 „Каде е? - ги праша тој своите ќерки. - Зошто го оставивте човекот? Повикајте го на ручек.”