19 Тие одговорија: „Еден Египетец нè одбрани од пастирите, и уште ни нацрпи вода и ни го напои стадото.”
20 „Каде е? - ги праша тој своите ќерки. - Зошто го оставивте човекот? Повикајте го на ручек.”
21 Мојсеј се согласи да остане при човекот. Тој го ожени Мојсеја со својата ќерка Сепфора.
22 А кога таа роди син, тој му го даде името Гирсам, „зашто сум - рече - странец во туѓа земја.”
23 По долго време почина египетскиот цар. Израелците уште стенкаа во ропство. Викаа, и нивниот повик за помош, среде ропството, се издигна до Бога.
24 Бог го чу нивното викање за помош и се сети за Својот Завет со Авраама, Исака и Јакова.
25 И Бог погледна на Израелците, и се зазеде за нив.