22 А кога таа роди син, тој му го даде името Гирсам, „зашто сум - рече - странец во туѓа земја.”
23 По долго време почина египетскиот цар. Израелците уште стенкаа во ропство. Викаа, и нивниот повик за помош, среде ропството, се издигна до Бога.
24 Бог го чу нивното викање за помош и се сети за Својот Завет со Авраама, Исака и Јакова.
25 И Бог погледна на Израелците, и се зазеде за нив.