3 Кога не можеше веќе да го крие, набави кошница од папирусова трска, ја намачка со смола и катран, го стави детето во неа и го положи во трските на брегот на Реката.
4 Неговата сестра застана подалеку, да види што ќе биде со него.
5 Фараоновата ќерка слезе до Реката да се капи, додека нејзините слугинки шетаа по брегот на Реката. Таа ја забележа кошницата во трските, па ја испрати слугинката да ја донесе.
6 Ја отвори и погледа, а тоа во неа: дете! Машко чедо. Плачеше. Таа му се сожали. „Тоа ќе е еврејско дете”, рече.
7 Тогаш неговата сестра и рече на фараоновата ќерка: „Сакаш ли да побарам доилка меѓу Еврејките, да ти го дои детето?”
8 „Оди!” и одговори фараоновата ќерка. Така девојката отиде и ја повика мајката на детето.
9 „Земи го детево - и рече фараоновата ќерка - и одгледај ми го, а јас ќе те платам.”