15 Ако сопственикот беше со него, не му дава оштета; ама ако беше позајмено за орање, нека дојде по својата надница.”
16 „Ако некој заведе девојка, која не е свршена, и легне со неа, нека даде за неа откуп за женачка и нека ја земе за жена.
17 Ако нејзиниот татко одбие да му ја даде, заведникот треба да измери сребро во вредност на откупот за женење за девојката.”
18 „Не дозволувај да живее вражалка!
19 Секој што ќе легне со добиток, треба да биде казнет со смрт.
20 Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол - освен на единствениот Бог - нека биде предаден на проклетството, целосно уништен.”
21 „Не го угнетувај придојденецот ниту му нанесувај неправда, зашто и самите бевте придојденци во Египетската Земја.