Излез (2 Moj.) 22:2-8 MKB

2 Ако крадецот биде затекнат како го пробива ѕидот, па му биде зададен смртоносен удар, неговата крв не треба да биде одмаздувана.

3 Но ако е сонцето веќе изгреано, неговата крв треба да биде одмаздена. Крадецот треба да ја надомести штетата. Ако нема ништо, тој треба да биде продаден за неговата кражба.

4 Ако се најде украденото животно живо во неговата сопственост - говедо, осле или некоја глава ситен добиток - треба да плати двојно.”

5 „Кој опусти нива или лозје, пуштајќи го својот добиток да испасе и да избрсти туѓо, нека надомести со тоа што ќе најде најубаво во својата нива и во своето лозје.

6 Кој запали оган па тој ги зафати трњето и изгори житото во снопје, во класот или на нивата, оној што го запали огнот треба да ја надомести штетата.

7 Кога некој ќе остави кај познат пари или работи на чување, па бидат украдени од неговата куќа, ако крадецот биде најден, треба да плати двојно.

8 Ако крадецот не биде најден, сопственикот на куќата нека се изведе пред судиите, за да се докаже како тој не ги спуштил своите раце врз имотот на својот ближен.