Излез (2 Moj.) 22:6-12 MKB

6 Кој запали оган па тој ги зафати трњето и изгори житото во снопје, во класот или на нивата, оној што го запали огнот треба да ја надомести штетата.

7 Кога некој ќе остави кај познат пари или работи на чување, па бидат украдени од неговата куќа, ако крадецот биде најден, треба да плати двојно.

8 Ако крадецот не биде најден, сопственикот на куќата нека се изведе пред судиите, за да се докаже како тој не ги спуштил своите раце врз имотот на својот ближен.

9 За секој прекршок на проневера - без оглед дали се работи за говедо, осле, ситен добиток, облека, или за која и да е изгубена работа за која се тврди: тоа е она! - спорот треба да биде изнесен пред судиите. Оној кого судиите ќе го прогласат за виновен нека му плати на другиот двојно.

10 Кога некој ќе довери на својот сосед: говедо, глава добиток, или какво и да е животинче, па тоа пцовиса, или се рани или некој го одвел, а да нема сведок,

11 заклетвата пред Господа нека одлучи меѓу двајцата дали чуварот посегна или не по имотот на својот ближен. Тоа нека му е достатно на сопственикот, а чуварот не е должен да надоместува.

12 Ако се најде дека тој го украл, треба да ја надомести штетата.