1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце.
3 А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза;
4 љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
5 готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;
6 масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;