11 Опкови го со чисто злато, опкови го однадвор и внатре; а околу него стави завршен појас од злато.
12 Излеј за него четири златни колца од едната страна, а две колца од другата.
13 Направи и две ластегарки од багремово дрво и опкови ги со злато.
14 Потоа провни ги ластегарките низ колцата од страната на Ковчегот, за да биде носен Ковчегот врз нив.
15 Нека останат ластегарките во колцата на Ковчегот; нека не се извлекуваат.
16 Сведоштвото што ќе ти го дадам, положи го во Ковчегот.
17 Очистилиштето направи го исто така од чисто злато. Нека биде долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.