Излез (2 Moj.) 25:16-22 MKB

16 Сведоштвото што ќе ти го дадам, положи го во Ковчегот.

17 Очистилиштето направи го исто така од чисто злато. Нека биде долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.

18 Искови и два херувима од злато за двата краја на Очистилиштето.

19 Направи еден херувим за едниот крај, а другиот херувим за другиот крај. Прицврсти ги на двата краја на Очистилиштето, да составуваат еден дел со него.

20 Херувимите нека ги рашират своите крилја во височина така што ќе го засолнуваат со крилјата Очистилиштето. Нека бидат со лицето свртени еден кон друг, ама така да лицата на херувимите гледаат во Очистилиштето.

21 Очистилиштето стави го на Ковчегот, а во Ковчегот положи ги плочите на Сведоштвото што ќе ти ги дадам.

22 Тука ќе се состанувам Јас со тебе и одозгора, од над Очистилиштето - меѓу оние два херувима што се на Ковчегот на плочите на Сведоштвото - ќе ти ги соопштувам сите заповеди наменети на Израелците.”