24 Опкови го со чисто злато и направи му наоколу завршен појас од злато.
25 Направи му раб широк една дланка, а потоа врз работ стави завршен појас од злато.
26 Натаму, исправи ги неговите четири колца од злато па прицврсти му ги на неговите четири ножни агли.
27 Колцата нека се непосредно под работ, за да служат како рачки за носење на столот.
28 Направи ги ластегарките од багремово дрво и опкови ги со злато. Столот ќе биде носен на нив.
29 Потоа направи за него: чинии, варилки, врчви и чаши за излевање на приносите. Направи ги од чисто злато.
30 На столот секогаш пред Моето лице ставај положени лебови.”