36 Нивните чашки и нивните кракови ќе составуваат едно парче со нив - сè исковано во едно парче од чисто злато.
37 Направи и седум светилки за нив. Светилките нека бидат поставени така што ќе го осветлуваат пространството однапред.
38 Машичките и пепелниците за нив нека се од чисто злато.
39 Употреби еден талант чисто злато за светилникот и за сиот негов прибор.
40 Внимавај! Направи ги според образецот што ти беше покажан на гората.”