4 љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
5 готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;
6 масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;
7 оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.
8 Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив.
9 При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам.”
10 „Нека направат ковчег од багремово дрво: долг два ипол лакти, широк лакот ипол и висок лакот ипол.