10 Сошиј педесет петелки на работ на едното составено парче на завесата, а педесет куки на работ на другото.
11 Изработи педесет куки од бронза, закачи ги куките во петелките, за да го составиш Покривот во целина.
12 А бидејќи од завесите на Шаторот ќе остане вишок, половина од завесите што се вишок нека се спушта на задниот дел на Шаторот.
13 Од она што е отповеќе во должината на шаторските завеси, нека виси по еден лакот од двете страни на светиот Шатор, за да го покрива.
14 Најпосле направи му на Шаторот покрив од приготвени и со црвено обоени овновски кожи, а врз него покрив од убави кожи.
15 Даските за Шаторот, што ќе стојат исправени нагоре, направи ги од багремово дрво.
16 Секоја даска нека биде долга десет лакти, а широка лакот ипол.