19 тогаш под дваесетте даски направи четириесет подножја од сребро, две подножја под првата даска за нејзините два клина, и така редум, две подножја за два клина на секоја идна даска.
20 За другата страна на Шаторот, на север: дваесет даски
21 и четириесет сребрени подножја, две подножја за два клина на првата даска, и така редум, две подножја за секоја даска.
22 На задната страна на Шаторот на запад, постави шест даски.
23 Направи и даски за задните агли на Шаторот.
24 Нека бидат разделени при дното, ама на врвот кај првото колце нека бидат составени. Нека така двете прават два агли.
25 И така нека бидат осум даски со нивните сребрени подножја: шеснаесет подножја, две подножја под првата даска, а пак две подножја под секоја следна даска.