26 Натаму направи лостови од багремово дрво: пет од нив за даските од едната страна на Шаторот,
27 а пет лостови од другата страна на Шаторот; тогаш пет лостови за даските на Шаторот од одназад, кон запад.
28 Средниот лост нека врви по средината на даските од едниот крај до другиот.
29 Даските да ги опковеш во злато, а и колцата за нив, низ кои ќе се провлечуваат лостовите, направи ги од злато.
30 Значи така, издигни го Шаторот според нацртот што ти беше покажан на гората.
31 Направи завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. Нека се навезени херувими врз неа.
32 Обеси ја на четири столба од багремово дрво, обложено со злато, со куки од злато, а врз четири подножја од сребро.