Излез (2 Moj.) 28:1-7 MKB

1 „А потоа доведи го при себе, од меѓу Израелците, твојот брат Арон заедно со неговите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар, за да Ми служат како свештеници.

2 Направи му на својот брат Арон света облека, за слава и за величественост.

3 Обрни им се на сите вешти луѓе, кои ги надарив со мудрост, нека му направат облека на Арона, за да се посвети и за да ја врши свештеничката служба во Моја чест.

4 Нека ја направат следнава облека: врзградник, наплеќник, наметка, кошула обрабена со реси, капа и појас; нека направат света облека за твојот брат Арон и за неговите синови, за да Ми служат како свештеници.

5 Затоа тие нека примаат злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.

6 Наплеќникот нека го направат од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен - вешто изработен.

7 Нека има на него две прерамки, прицврстени за неговите краеви.