Излез (2 Moj.) 28:10-16 MKB

10 шест нивни имиња на еден камен, а другите шест имиња на другиот камен, според нивното раѓање.

11 Како што копаничарот на скапоцениот камен ги врежува печатите врз прстените, така и ти врежи ги имињата на Израелевите синови. Околу нив навези златен раб,

12 па прицврсти ги двата бесценети камења за прерамките на наплеќникот, за да бидат спомен скапоцени камења на Израелевите синови. Така, Арон нека ги носи нивните имиња на своите две рамени пред Господа, за да си спомнува за нив.

13 Направи златни рамки

14 и две веришки од чисто злато. Направи ги како засукани врвци и тогаш засуканите веришки прицврсти ги за рамките.”

15 „Изработи го уметнички врзградникот за судење: направи го тоа како и работата на наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

16 Нека биде четвртест и двоен: должината нека му е една педа, а и широчината педа.