15 „Изработи го уметнички врзградникот за судење: направи го тоа како и работата на наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.
16 Нека биде четвртест и двоен: должината нека му е една педа, а и широчината педа.
17 На него нареди четири редови бесценети камења. Во првиот ред нека бидат: сард, топаз и смарагд;
18 во вториот ред: антракс, сафир и адамант;
19 во третиот ред: лигириј, агат и аметист;
20 а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.
21 Нека бидат дванаесет тие бесценети камења колку и имињата на Израелевите синови. Нека бидат врежани како и печатите врз прстењата, секој со името на едно од дванаесетте племиња.