17 На него нареди четири редови бесценети камења. Во првиот ред нека бидат: сард, топаз и смарагд;
18 во вториот ред: антракс, сафир и адамант;
19 во третиот ред: лигириј, агат и аметист;
20 а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.
21 Нека бидат дванаесет тие бесценети камења колку и имињата на Израелевите синови. Нека бидат врежани како и печатите врз прстењата, секој со името на едно од дванаесетте племиња.
22 Направи за врзградникот веришки од чисто злато, засукани како врвци.
23 Потоа направи за врзградникот две колца од злато и прицврсти ги за двата горни агла на врзградникот.