19 во третиот ред: лигириј, агат и аметист;
20 а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.
21 Нека бидат дванаесет тие бесценети камења колку и имињата на Израелевите синови. Нека бидат врежани како и печатите врз прстењата, секој со името на едно од дванаесетте племиња.
22 Направи за врзградникот веришки од чисто злато, засукани како врвци.
23 Потоа направи за врзградникот две колца од злато и прицврсти ги за двата горни агла на врзградникот.
24 Потоа врзи две златни врвци за тие две колца, што ќе бидат прицврстени за аглите на врзградникот.
25 Другите два краја на врвците врзи ги за двете рамки. Сега прицврсти ги така за прерамките на наплеќникот однапред.