Излез (2 Moj.) 28:23-29 MKB

23 Потоа направи за врзградникот две колца од злато и прицврсти ги за двата горни агла на врзградникот.

24 Потоа врзи две златни врвци за тие две колца, што ќе бидат прицврстени за аглите на врзградникот.

25 Другите два краја на врвците врзи ги за двете рамки. Сега прицврсти ги така за прерамките на наплеќникот однапред.

26 Направи две колца од злато, па прицврсти ги за двата долни агла на врзградникот, покрај работ одвнатре, што е свртен кон наплеќникот.

27 Направи уште две колца од злато и прицврсти ги за долниот преден крај на прерамките на наплеќникот, покрај неговиот раб врз ткаенината на наплеќникот.

28 Нека се врзе врзградникот со своите колца со колцата на наплеќникот со сина трака, така што врзградникот да стои над ткаенината и да не може да се одделува од наплеќникот.

29 Така Арон, кога и да влегува во Светилиштето, нека ги носи на своето срце, имињата на Израелевите синови на врзградникот за пресудување, за да ги повикува секогаш во спомен пред Господа.