Излез (2 Moj.) 28:29-35 MKB

29 Така Арон, кога и да влегува во Светилиштето, нека ги носи на своето срце, имињата на Израелевите синови на врзградникот за пресудување, за да ги повикува секогаш во спомен пред Господа.

30 Нека бидат ставени во врзградникот за судење „Урим” и „Тумим”, за да бидат и тие на Ароновото срце, кога ќе доаѓа пред Господа. Така Арон нека ја носи секогаш, на своето срце пред Господа, пресудата на Израелевите синови.”

31 „Наметката за наплеќникот направи ја сета од љубичесто предено.

32 Отворот за главата на неа нека биде во средина. Работ околу отворот нека биде опточен како околувратникот на оклопот, така, за да не се скине наметката.

33 На нејзиниот раб сè наоколу направи чипки од љубичесто, црвено и темноцрвено предено, а меѓу нив ѕвончиња од злато наоколу;

34 златно ѕвонче па калинкин цвет, златно ѕвонче па калинкин цвет, околу наметката покрај работ.

35 Нека ги носи Арон додека ја врши службата, за да се слуша кога ќе влегува во Светилиштето пред Господа и кога излегува; така нема да умре.”