Излез (2 Moj.) 28:30-36 MKB

30 Нека бидат ставени во врзградникот за судење „Урим” и „Тумим”, за да бидат и тие на Ароновото срце, кога ќе доаѓа пред Господа. Така Арон нека ја носи секогаш, на своето срце пред Господа, пресудата на Израелевите синови.”

31 „Наметката за наплеќникот направи ја сета од љубичесто предено.

32 Отворот за главата на неа нека биде во средина. Работ околу отворот нека биде опточен како околувратникот на оклопот, така, за да не се скине наметката.

33 На нејзиниот раб сè наоколу направи чипки од љубичесто, црвено и темноцрвено предено, а меѓу нив ѕвончиња од злато наоколу;

34 златно ѕвонче па калинкин цвет, златно ѕвонче па калинкин цвет, околу наметката покрај работ.

35 Нека ги носи Арон додека ја врши службата, за да се слуша кога ќе влегува во Светилиштето пред Господа и кога излегува; така нема да умре.”

36 „Потоа направи една плоча од чисто злато и врежи врз неа, како што се врежува врз печатниот прстен: „Господова Светост.”