Излез (2 Moj.) 28:36-42 MKB

36 „Потоа направи една плоча од чисто злато и врежи врз неа, како што се врежува врз печатниот прстен: „Господова Светост.”

37 Врзи ја на капата со сина врвца, за да стои однапред на капата.

38 Нека стои на Ароновото чело. Така Арон нека ги преземе врз себе недостатоците, што би могле да ги извалкаат сите свети приноси што Израелците ги посветуваат. Нека стои секогаш на неговото чело, за да придобива за нив Господова благонаклонетост.

39 Кошулата со реси направи ја од лен, од лен направи ја и капата, а појасот извези го со вез.

40 И за Ароновите синови направи облеки, појаси и капи, ним за чест и слава!

41 Облечи ги во нив твојот брат Арон и неговите синови; тогаш помажи ги, посвети ги и освети ги, за да Ми служат како свештеници.

42 Направи за нив гаќи од лен, за да им го покријат голото тело. Нека стигаат од крстот до дното на бедрата.