Излез (2 Moj.) 28:38-43 MKB

38 Нека стои на Ароновото чело. Така Арон нека ги преземе врз себе недостатоците, што би могле да ги извалкаат сите свети приноси што Израелците ги посветуваат. Нека стои секогаш на неговото чело, за да придобива за нив Господова благонаклонетост.

39 Кошулата со реси направи ја од лен, од лен направи ја и капата, а појасот извези го со вез.

40 И за Ароновите синови направи облеки, појаси и капи, ним за чест и слава!

41 Облечи ги во нив твојот брат Арон и неговите синови; тогаш помажи ги, посвети ги и освети ги, за да Ми служат како свештеници.

42 Направи за нив гаќи од лен, за да им го покријат голото тело. Нека стигаат од крстот до дното на бедрата.

43 Арон и неговите синови нека ги носат кога влегуваат во Шаторот на средбата или кога се приближуваат до жртвеникот за службата во Светилиштето, за да не навлечат врз себе вина и да умрат. Тоа нека биде вечна наредба за него и за неговото потомство по него.”