Излез (2 Moj.) 28:4-10 MKB

4 Нека ја направат следнава облека: врзградник, наплеќник, наметка, кошула обрабена со реси, капа и појас; нека направат света облека за твојот брат Арон и за неговите синови, за да Ми служат како свештеници.

5 Затоа тие нека примаат злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.

6 Наплеќникот нека го направат од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен - вешто изработен.

7 Нека има на него две прерамки, прицврстени за неговите краеви.

8 Ткаенината што ќе биде на него, нека е направена како и него: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен, а нека составуваат со него едно парче.

9 Потоа земи два бесценети камења - оникси и врежи ги во нив имињата на Израелевите синови:

10 шест нивни имиња на еден камен, а другите шест имиња на другиот камен, според нивното раѓање.