Излез (2 Moj.) 30:10-16 MKB

10 Еднаш годишно Арон нека го изврши обредот на помирување на неговите рожиња. Обредот за помирување на жртвеникот нека го изврши со крвта на жртвата што се принесува за грев, еднаш годишно. Така правете во сите поколенија. Зашто жртвеникот е пресвета светина на Господа.”

11 Натаму Господ му рече на Мојсеја:

12 „Кога ќе правиш попис на Израелците, при утврдувањето на нивниот вкупен број, нека секој Му даде на Господа откуп за себе, кога ќе се запише, за да не ги снајде некакво зло заради пребројувањето.

13 Секој што потпаѓа под пребројувањето, нека даде: половина сикал - според храмскиот сикал, што има дваесет гери во сикал. Таа половина сикал нека биде како принос на Господа.

14 Секој што потпаѓа под пребројувањето, од дваесет години возраст па нагоре, нека Му даде принос на Господа.

15 Богатиот нека не плаќа повеќе ниту сиромавиот помалку од половина сикал, кога ќе Му даваат принос на Господа како откуп за себе.

16 Земај откупни сребреници од Израелците и употребувај ги за служба во Шаторот на средбата. Тоа нека Му биде за спомен на Господа, за да си спомнува за Израелците и за откуп на вашите души.”