18 „Направи мијалник од бронза и подножје од бронза за миење. Постави го меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот. Тури вода во него,
19 па Арон и неговите синови нека ги мијат своите раце и нозе со водата од него.
20 Кога треба да влегуваат во Шаторот на средбата, или кога треба да се приближуваат до жртвеникот за служба, за да изгоруваат жртви паленици во чест на Господа, нека се измијат со вода, за да не загинат.
21 Нека ги измијат своите раце и своите нозе, за да ја избегнат смртта: тоа е траен правилник за него и за неговите потомци во сите поколенија.”
22 Уште му рече Господ на Мојсеја:
23 „Набави најубави мириси: пет стотини сикали најчиста смирна, половина од таа тежина - двеста и педесет - мирислив цимет, двеста и педесет мирислива трска,
24 пет стотини - според храмскиот сикал - ловор и еден ин маслиново масло.