29 посвети ги, и тие така ќе станат посветени, и што и да се допре до нив, ќе стане посветено.
30 Помажи ги Арона и неговите синови и посвети Ми ги Мене за свештеници.
31 Тогаш речи им на Израелците вака: ‘Ова е Мое свето миро за помазание од поколение до поколение.
32 Не смее да се излева врз телото на обичниот човек; не смеете да правите друго со ваков состав! Тоа е посветено, и нека ви биде свето!
33 Кој направи такво, или кој ќе стави од него врз туѓинец, нека биде отстранет од својот народ!’”
34 Уште му рече Господ на Мојсеја: „Набави мириси: стакта, оникс и халван. Од овие мириси и од чист темјан,
35 сè во еднакви делови, направи темјан за кадење, смеса од мириси каква што прави мирисоправачот, измиена, чиста, света.