3 Да ги опковеш со чисто злато: неговата горна рамнина, неговите страни наоколу и неговите рожиња. Направи му завршен појас наоколу.
4 Направи му и две златни колца. Прицврсти му ги на двете спротивни страни под завршниот појас. Низ нив ќе се провнуваат ластегарките за носење.
5 Ластегарките направи ги од багремово дрво и опкови ги со злато.
6 Постави го жртвеникот пред завесата што го засолнува Ковчегот на Сведоштвото - спроти Очистилиштето (Капак) над Сведоштвото - каде што Јас ќе се среќавам со тебе.
7 Арон нека кади врз него со благомирислив темјан секое утро кога ги подготвува светилките:
8 Арон нека кади пак во примрак, кога ги запалува светилките, за да биде тоа секогашно кадилно принесување пред Господа во сите ваши поколенија.
9 Не принесувај врз него ни непосветен темјан, ни паленици, ни приносници, ниту излевници!